Грција ги осуди своите навивачи: Се извинуваме за фашистичкиот транспарент!

Фудбалскиот Сојуз на Грција го осуди потегот на своите навивачи кои на натпревар против Босна и Херцеговина одигран во Атина, кои извадија транспарент на кој пишуваше „Нож, жица, Сребреница“.

„Грчкиот фудбалски сојуз длабоко жали за сремниот транспарент со фасиштичка содржина на домашните навивачи. Ваквиот потег е за е за осудување и штети на фер-плејот, спортскиот дух и грчкото гостопримство“, пишуваше во соопштението на фудбалскиот сојуз на Грција.

Сега на ред е да се огласат ФИФА и УЕФА, а како што се претпоставува грчкиот фудбалски сојуз дефинитивно ќе биде казнет. Натпреварот заврши без победник 1-1, откако Цавелас во 95. минута донесе бод за Грција.