Грчкото првенство продолжува за викендот, драконски казни за секој сличен инцидент

Савидис

Грчката лига денес соопшти дека ќе се игра фудбал во претстојниот викенд, по тринеделната пауза поради инцидентот на дуелот ПАОК - АЕК на кој претседателот на домашната екипа излезе на терен со пиштол.

Иван Савидис беше незадоволен од судиската одлука, па реши работите да ги преземе во свои раце и лично да ја реши ситуацијата. Немилите настани се случија на 11 март, а ден подоцна, Јоргос Василијаидис, заменик министерот за спорт на Грција го суспендира шампионатот на неодредено време.

Медиумите во нашиот јужен сосед денес пренесуваат дека сите 16 екипи постигнале согласност околу барањата на Василијаидис за продолжение на лигата.

Мерките за спречување на слични ситуации се исфрлање на секој тим, кој во една сезона ќе направи најмалку три инциденти и казни за екипите чии претседатели со своите изјави ќе повикаат на насилство.

Исто така, безбедносните мерки ќе бидат зголемени, а полицијата ќе биде дел од секој натпревар до крајот на сезоната.