ВИДЕО: Грчкиот фудбал е „мртов“ - хулиганизам, тепачки и прекин во атинското дерби

Ново лудило го тресе грчкиот фудбал, откако вечерва големото атинско дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос не го доживеаја крајот. По два прекини, влегување на хулиганите на терен, мачни сцени и натегања, главниот судија Марко Фриц означи крај на натпреварот.

Пред прекинот Олимпијакос на гостински терен водеше со 0-1 со голот на Мигел Анхел Гереро.

Погледнете ги настаните на натпреварот: 

  • Инцидентите по кои натпреварот беше прекинат:

  • Извештајот од натпреварот:

Двете екипи се соочуваат со казни, а не е исклучена можноста и шампионатот да биде прекинат. Ако воопшто продолжи најмногу би профитирал ПАОК, кој убедливо води и на прагот е на првата титула по децениски пост.