Грчкиот АЕК со „шут-карта“ за најскапиот играч во клупската историја

Аргентинецот Ерик Ламела минатата година пристигна во грчкиот АЕК како големо засилување, а клубот за неговите услуги исплати рекордни шест милиони евра. 

Иако Ламела требаше да биде водечка сила во тимот, сепак не ги прикажа очекуваните игри и постигна само пет гола на 25 натпревари во првенството. Ова беше доволен знак за управата да ја раскине соработката со него и тој е слободен во потрагата по нова средина. 

Тренерот Марко Николиќ веќе го „пречкртал“ Аргентинецот и му соопштил дека нема да биде дел од првиот тим. Ламела ја започна кариерата во Ривер Плата, а потоа играше за Рома, Тотенхем и Севиља. 

Во дресот на лондонските „петли“ остави најголем печат и одигра 177 натпревари. 33-годишниот фудбалер има и 25 настапи за својата Аргентина. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.