Грчки фудбалери со молчење и седење на теренот им оддадоа почит на загинатите мигранти

Грчки фубалер седнат на терен

Фудбалски натпревар во Грција започна статично откако играчите одлучија да им оддадат почит на сè поголемиот број на мигранти кои умираат обидувајќи се да стигнат до грчките острови, од каде продолжуваат кон Западна Европа.

Значајниот гест го одбележа натпреварот помеѓу АЕЛ Лариса и Акарнаикос. Сите 22 фудбалери, како и тренерите и резервите, седеа две минути и со своето молчење ја покажаа својата почит кон загинатите лица од држави како Ирак и Сирија.

„Администрацијата на АЕЛ, тренерите и играчите ќе одржат 2-минутно молчење пред почетокот на мечот во сеќавање на стотиците деца кои постојано ги губат животите во Егејско Море, заради бруталната незаинтересираност на ЕУ и Турција“ – се вели во соопштението кое одекнало низ стадионот.

Неодамна беше објавено дека олимпискиот оган за Олимпијадата во Рио де Жанеиро ќе помине низ камп за бегалци во Атина, а еден од бегалците ќе ја добие честа да го носи факелот.