• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев доби подарок од швајцарски Грасхоперс за добрите игри и во тимот ќе остане и во наредниот период.
22-годишниот играч од средниот ред покажа добри партии во дресот на некогашниот швајцаркси првак, а за тоа доби нов договор. Офанзивецот останува во тимот до 2022 година.
„Среќни сме затоа што се договоривме со Ѓорѓев за нов договор. И покрај тоа што е млад, Никола има големо искуство. Важен дел од нашиот тим“, изјави Фреди Бикел, директор на тимот.
Ѓорѓев, кој во првата екипа на Грасхоперс е од 2015 година, оваа сезона одигра дваесет натпревари за швајцарскиот тим и постигна вкупно осум гола.