• Мартин Танасковски
Македонската фудбалска легенда Горран Пандев беше присутен на „Џузепе Меаца“ како специјален гостин на Интер на натпреварот против Црвена Звезда во Лигата на шампионите.
По дуелот на „Етихад“ против Манчестер Сити, Пандев доби покана и за дуелот против српскиот првак во елитното друштво. Ја прифати и беше гостин во ВИП-ложата заедно со Диего Милито, Кристијан Киву и Марко Матераци.
Milito, Chivu, Materazzi and Pandev in the house for Inter vs Red Star Belgrade! pic.twitter.com/KrNKOAhJfA
— EuroFoot (@eurofootcom) October 1, 2024
Сите четворица играчи беа дел од златната генерација на Интер која во 2010 година под водство на Жозе Мурињо го освои пехарот во Лигата на шампионите и ја обедини славната „триплета“.