ВИДЕО: Гранада освои бод, иако цел час играше со играч помалку против Еспањол

Во последниот натпревар од 29. коло на Примера фудбалерите на Гранада одиграа 1-1 (1-0) со Еспањол. Освоениот бод добива на тежина, ако се земе фактот дека домаќините играа со играч помалку од 28. минута, по исклучувањето на Барал.

Во првото полувреме се играше изедначен фудбал без многу прилики за гол. По исклучувањето на Барал во 28. минута се чинеше дека гостите ќе тргнат поофанзивно кон противничкиот гол, но место тие со 1-0 поведе Гранада, откако гол постигна Рочина во 41. минута. 

Во продолжение домаќините се посветија на одбрана на водството од првиот дел. Гостите напаѓаа, создаваа шанси, но не успеваа да го совладаат домашниот голман се до 85. минута, кога Перез го израмни резултатот (1-1).

Во наредното коло Гранада на домашен терен го пречекува директниот конкурент за опстанок Рајо Ваљекано, а Еспањол ја пречекува екипата на Атлетик Билбао