ВИДЕО: Гранада го освои Сан Себастијан и се врати во игра за Европа

Гранада

Во дербито за излез во Европа, Гранада запиша голема победа кај Реал Сосиедад (2-3) и се вмеша во борбата во горниот дел од табелата во Примера.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите постигнаа два гола во првиот дел и долго време беа блиску до целиот плен. До крајот дозволија да примат два погодоци, но реализираа во вистински момент за да освојат три бода од ова тешко гостување.

Мечот беше отворен со погодок со глава на Пуертас во 21. минута. Потоа следуваше уште подобар период за гостинскиот тим, кој го зголеми водството. Искусниот голгетер избегна офсајд позиција и донесе висока предност за својата екипа.

Тоа значеше дека домаќинот ќе тргне на сè или ништо во продолжението. Тоа и се случи, а за тоа доби и награда со еден освоен бод. 

Мерино се снајде во мешаницата пред противничкиот гол и намали на 1-2. Голот пристигна по само две минути од вториот дел. Потоа следуваше тотална офанзива на Сосиедад, а дури во завршницата Ојарзабал успеа целосно да ја врати неизвесноста.

Но, радоста на домашните фудбалери траеше до 89. минута. Тогаш Дуарте одлично испрати еден центаршут на подалечната статива и погоди за конечни 2-3. Овој резултат дополнително ја искомплицира борбата за евро-куповите во Шпанија во пресрет на последните три кола од сезоната.