ВИДЕО: Гранада без одговор за „лилјаците“ на Селадес

Валенсија

Разиграната Валенсија ја продлабочи кризата на Гранада (2-0), која никако да крене глава и стигна до третиот пораз во низа.

Андалузијците продолжија во слободен пад на табелата во Примера, на која пред неколку недели беа на врвот. „Лилјаците“ денес беа далеку подобри и заслужено го освоија цел плен.

  • Извештај од натпреварот: 

Головите беа постигнати во завршницата, а резултатот го отвори Вас, кој среќно стигна до топката и биеше силовито под пречката на гостинскиот гол. Гранада тргна во целосна офанзива, што во надополнувањето го казни Торес, со прекрасна завршница од далечина.

Денес натпреварите ќе ги одиграат и двата големи фаворити за титулата, Реал Мадрид и Барселона.