„Граѓаните“ извисија, големиот талент на Партизан се сели во Милан

Младиот и супер-надежен талент на белградски Партизан, Матија Поповиќ, е пред потпис со италијанскиот гигант Милан, јавуваат повеќе медиуми. „Вундеркидот“ од Србија беше поврзуван со повеќе европски гиганти, но битката за неговиот потпис ја добија „росонерите“ и тој веќе слета во Милано

Оваа информација прв ја пренесе познатиот новинар Фабрицио Романо, кој нагласи дека и Манчестер Сити сериозно се вмеша во трката за Поповиќ. Сепак, веројатно понудата на Милан била попривлечна и Србинот се сели во таборот на Стефано Пиоли

Матија Поповиќ штотоку наполни 18 години и во моментов е еден од најталентираните млади спрски фудбалери. Се работи за исклучително надарен офанзивец од средината на теренот, кој поседува брзина, дриблинг и извонреден шут. Првите фудбалски чекори ги направи во Војводина, а потоа ги мина сите младински школи на Партизан. Минатата година со својата репрезентација имаше повеќе од забележителен настап на У-17 Европското првенство. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.