• Саше Љолес
Италијанскиот тренер Енцо Мареска се споменува како еден од главните кандидати за клупата на Манчестер Сити, во случај Шпанецот Пеп Гвардиола да одлучи да си замине по завршувањето на сезоната.
Мареска добро ја познава структурата и филозофијата на „граѓаните“, бидејќи во минатото беше дел од стручниот штаб на клубот и работеше во младинските категории. Токму тоа искуство, како и неговиот стил на игра кој се вклопува во системот што го изгради Гвардиола, го прават сериозен кандидат за евентуален наследник.
Раководството на англискиот шампион внимателно ја следи ситуацијата, а конечната одлука ќе зависи од плановите на Гвардиола и долгорочната стратегија на клубот. Шпанецот неколку пати изјавуваше дека размислува за подолг одмор и заминување од Манчестер, па затоа управата на Сити веќе бара соодветни алтернативи за неговата позиција.










