„Граѓаните“ добија нов играч, платија 35 милиони евра за млад бразилски стопер

Досегашниот фудбалер на Палмеирас, Витор Реис, официјално е ново засилување за Манчестер Сити, јавија англиските медиуми. 

19-годишниот Реис потпиша со актуелниот шампион, а „граѓаните“ за неговиот трансфер исплатија 35 милиони евра. Тој останува на позајмица во Палмеирас до крајот на сезоната и ќе пристигне во Англија во текот на летото. 

Досега Витор Реис одигра 22 натпревари во бразилскиот клуб, а има и девет настапи за репрезентацијата на Бразил до 17 години. Се работи за квалитетен централен дефанзивец, кој импресионираше со настапите во дресот на Палмеирас.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.