Градското дерби во Тетово ќе се одигра без резултатско значење

Денешната средба во рамките од 35. коло помеѓу Ренова и Шкендија ќе биде одлична подготовка за она што следува во последниот натпревар од сезоната во ПМФЛ. Новиот македонски шампион заедно со своите приврзаници се подготвува за спектакл на 20 мај, кога официјално ќе го добие шампионскиот пехар.

Бодовите од поодамна не се императив за фудбалерите на Ќатип Османи, па така денешната средба ќе биде одлична можност за надигрување со градскиот ривал. До крајот на сезоната „црвено-црните“ имаат уште само една задача, а тоа е финалниот натпревар од Купот на Македонија, кој на 23 мај ќе го одиграат против ланскиот противник, Пелистер. Последните два натпревари од ПМФЛ се одлична можност за славје на доминантната сезона во домашниот шампионат.

Сите овосезонски дуели против „гипсарите“ завршија убедливо во корист на лидерот, со исклучок на ремито на првиот натпревар од полуфиналето од македонскиот Куп. Во останатите Шкендија се радуваше со 2-0, 6-1, 5-0, што само ја докажува формата на најдобрата македонска екипа за сезоната 2017/18.

Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Тетово со почеток од 16.15 часот, а на центарот ќе застане Игор Стојчевски од Скопје.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 7 2 1 14:6 8 23
2 ШкендијаШкендија 10 5 4 1 20:11 9 19
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 10 5 1 4 12:10 2 16
4 РаботничкиРаботнички 2 10 4 2 4 14:18 -4 14
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 2 10 3 4 3 9:7 2 13
6 БеласицаБеласица 2 10 3 4 3 9:11 -2 13
7 РеноваРенова 3 10 3 2 5 11:13 -2 11
8 ПобедаПобеда 3 10 3 2 5 7:10 -3 11
9 ШкупиШкупи 1 10 2 3 5 8:11 -3 9
10 СилексСилекс 1 10 1 4 5 6:13 -7 7