Градско дерби на кое „чеканите“ и „топџиите“ се без право на кикс

Арсенал

Се ближи крајот на сезоната во Премиер лигата и полека ги добиваме одговорите за клучните прашања. Борбата за титулата се води меѓу Манчестер Сити и Ливерпул кои веќе си обезбедија место во Лигата на шампионите, Челзи е на пат да им се приклучи, а за последното место ќе има битка на неколку тимови. Еден би можел да отпадне во 35 коло, кога Вест Хем ќе го дочека Арсенал (недела, 17:30).

Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Премиер лигата >>>

Делуваше дека „чеканите“ имаат капацитет да ги расипат сметките на тимовите од големата шестка и да дојдат до место во елитното натпреварување, но запреа. Само бод во последните три кола сериозно ги оддалечи од целта, па во претстојното лондонски дерби имаат императив победа. Доколку не дојдат до неа, ќе мора да се задоволат со Лига Европа или дури Конференциската лига, а пораз математички ќе ги исклучи од трката за четвртото место.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Вест Хем - Арсенал >>>

Арсенал, од друга страна, со серијата порази сериозно си ги загрози шансите по долгогодишен пост да стигне до друштвото на најдобрите на стариот континент, но работите се променија кога и конкурентите почнаа да редат киксови. Четата на Микел Артета го искористи тоа, стисна заби и со две големи победи над Челзи и Манчестер Јунајтед дојде до пол позицијата и ги има работите во свои раце, но Тотенхем дише во врат и нема право на кикс.

Традицијата е на страната на „топџиите“, кои не знаат за пораз од Вест Хем веќе пет средби. „Чеканите“ последен пат беа подобри во јануари 2019 година и тоа им е единствен триумф над Арсенал во последните тринаесет дуели. Гостите од северот на Лондон ја носат улогата на фаворит со право, но двата тима знаеја да изненадат оваа сезона, пријатно или непријатно.