• Мартин Танасковски
Интересен момент се случи во Купот на Франција, затоа што ждрепката ги спои градските ривали во 1/32-финалната фаза во натпреварувањето.
Францускиот гигант ПСЖ ќе игра против новајлијата во елитата, ФК Париз. Интересната приказна зад овие два клуба е што нивните стадиони се разделечени само 44 метри еден од друг, така што навивачите нема да имаат долг пат.
Натпреварот меѓу двата париски клуба се игра на 12 јануари.






