• Иван Димовски

Фудбалерите на Пелистер ги очекува првиот предизвик во новата сезона, а тоа ќе биде „вечно дерби“ против Вардар во Скопје на стартот на ПМФЛ.
Во пресрет на овој натпревар, во посета на тимот пред попладневниот тренинг на теренот „Петар Милошевски“ беше градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски. Тој разговараше со тренерскиот тим и фудбалерите и ја вети поддршката од општината која беше зад клубот и во минатите години.
Исто така, Општина Битола работи на комплетирање на проектот за реновирањето на стадионот „Петар Милошевски“.
Првиот натпревар од сезоната пелистерци го играат против лутиот ривал на Арената „Тодор Проески“ в петок од 20:00 часот.






