Говедарица: Сѐ освен победа против Академија Пандев ќе биде неуспех

Govedarica

Фудбалерите на Зрињски ќе бидат првите противници во дебитантскиот настап на Академија Паднев во квалификациите за Лига Европа.

Босанскиот прволигаш се наоѓа во Словенија каде ги прави последните подготовки пред дуелот кој е закажан на 11 јули во Скопје. Очекувањето меѓу фудбалерите е елиминација на „пандевци“ и пласман во следната фаза, каде ги чека холандски Утрехт.

Тоа го мисли и новиот член на Зрињски, Миљан Говедарица, кој смета дека секој резултат освен победа ќе биде неуспех за неговиот тим.

„Драго ми е што дојдов во Зрињски, екипата ме прифати одлично. Се надевам дека така ќе биде и до крајот на мојот договор.

Зрињски е клуб кој секогаш атакува на двојна круна, а очекувам и позитивни резултати и во Европа. Прв противник ни е Академија Пандев и мислам дека сѐ освен победа би било неуспех за нас“, изјави 25-годишникот.

Првиот натпревар во Скопје ќе се одигра на 11 јули во 19:00 часот, а терминот за реваншот една недела подоцна допрва ќе се одредува.