Готово е, „старата дама“ се откажува од Србинот Влаховиќ

Италијанските медиуми пишуваат информации дека управата на Јувентус дефинитивно решила во следниот преоден рок да се ослободи од Душан Влаховиќ и да го продаде во друг клуб. 

Трансферот треба да се случи во текот на летото, а „бјанконерите“ во своите редови ќе го задржат Рандал Коло Муани, кој се покажа како одлично засилување откако пристигна на позајмица од францускиот ПСЖ. 

Во моментов Јуве не може да си дозволи да исплати 75 милиони евра за напаѓачот, но се претпоставува дека ќе го добие на нова едногодишна позајмица, со право на откуп во 2026 година. 

Коло Муани блесна во Серија А и постигна пет гола на само три одиграни натпревари, со што веднаш го засени Влаховиќ, кој беше прекомандуван на клупата од тренерот Тиаго Мота. Со евентуалната продажба на Србинот, Јуве сигурно би имал и повеќе средства за реализација на трансферот на Муани.