Готово е: Садио Мане во вторник патува на потпис во Минхен!

Ѕвездата на Сенегал и Ливерпул, Садио Мане е сè поблизу до трансфер во редовите на Баерн Минхен. Шпекулациите се движат кон реализација и Сенегалецот би требало во наредните денови да го реализира трансферот. 

Бидејќи влегува во последната година од договорот и не сака да го продолжи, Ливерпул се надева да заработи 32 милиони евра, плус уште шест во бонуси. Мане веројатно во вторник ќе слета во Минхен, каде што ќе ги мине потребните процедури за трансферот. На оваа тема потврда даде и угледниот познавач на трансфер пазарот, Фабрицио Романо. 

Доколку не дојде до некој неочекуван пресврт, Садио Мане ќе парафира со Баерн Минхен и ќе му се стави на располагање на Јулијан Нагелсман уште на стартот на подготовките. Според најавите, Мане веднаш во вторник ќе ги мине лекарските прегледи, а потоа се очекува да потпише тригодишна соработка со баварците.