Готово е: Португалците го одбраа новиот селектор!

Португалија добива нов селектор. По разделбата со Роберто Мартинез, Фудбалската федерација на Португалија постигна договор со искусниот Жорге Жесус, кој ќе ја предводи националната селекција до 2030 година.

Според португалските медиуми, двете страни веќе си подале рака, а официјалната промоција се очекува во наредните денови. Со овој договор, 71-годишниот стратег ќе ја води Португалија на Европското првенство во 2028 година, како и на Светското првенство во 2030 година.

Жесус зад себе има богата тренерска кариера, а последниот ангажман го имаше во Ал-Наср, со кој минатата сезона ја освои шампионската титула во Саудиска Арабија. Пред него ќе биде задачата повторно да ја врати Португалија во борба за најголемите трофеи, со генерација предводена од неколку светски ѕвезди.

Во изминатите денови се споменуваше дека конкурент за клупата е Серхио Консеисао, меѓутоа Жезус „победи“ во трката.