Готово е: Модриќ ќе остане во Мадрид и ќе заработува колку Рамос

Лука Модриќ нов договор

Сагата која е актуелна цел летен трансфер период, конечно го доби својот крај. Лука Модриќ и понатаму ќе го носи дресот на Реал Мадрид и покрај сите шпекулации дека ќе се пресели во Интер.

Челниците на „кралскиот“ клуб го наградија Хрватот со повисока плата, иста како онаа на капитенот Серхио Рамос. Така, тој со 10 милиони годишно ќе стане вториот најплатен фудбалер во екипата, зад Герет Бејл.

Неговата важност за успесите во клубот беше причината за овој чекор на европскиот првак.

32-годишниот креативец пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2012 година и важи за еден од најдобрите на својата позиција во светот, што го докажа на изминатиот Мундијал во Русија.