Готово е: Лампард ќе го наследи Сари на клупата на Челзи!

Лампард

На крајот од сезоната, во која Челзи заврши на третото место во Премиер лигата и ја освои Лига Европа, тренерската позиција остана празна со заминувањето на Маурицио Сари.

На неговото место ќе пристигне легендата на клубот Френк Лампард, пишуваат светските медиуми. Наводно догворот е готов и ќе се официјализира во наредните неколку дена.

Поранешниот англиски репрезентативец ќе стави потпис на соработка до 2022 година.

Неколку имиња се поврзуваа со клупата на „сините“, меѓу кои беа Жозе Мурињо, Лоран Блан и Масимилијано Алегри, но на крај изборот падна на поранешниот фудбалер и капитен на тимот.

Ангажманот на Лампард ги радува навивачите кои сметаат дека е направена вистинската одлука за иднината на клубот.