Готово е: Един Џеко се враќа во Германија и ќе игра во Цвајте!

Босанскиот фудбалски ветеран, Един Џеко, постигнал договор со германскиот второлигаш Шалке 04. Искусниот напаѓач кој минатото лето пристигна во Фиорентина, не успеа да се наметне во италијанскиот тим и сега очекува трансфер во „Цвајте“, каде сигурно ќе има значително поголема минутажа. 

Според најавите, Џеко веќе постигнал усмен договор со Шалке и наскоро ќе отпатува во Германија за лекарски прегледи и потпис на договорот. Соработката ќе важи до крајот на сезоната, со опција за продолжување доколку клубот успее да се врати во Бундеслигата.

39‑годишниот напаѓач, кој низ кариерата играше за Волфсбург, Манчестер Сити, Рома, Интер и други, се очекува да им донесе големо искуство и лидерство на играчите на Шалке, кои се борат за пласман во германскиот елитен ранг.

Неговиот избор да игра во Германија е виден како важен потег за клубот, кој поради повредите и ограничените резултати во нападот бара искусен голгетер за офанзивната линија. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.