Готи: Нестор го заслужи овој гол, тој е голем професионалец!

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски донесе три бода на Удинезе во денешниот дуел против Фиорентина (1-0), постигнувајќи го решавачкиот и единствен гол. 

По натпреварот, предводникот на екипата од Удине, Лука Готи имаше комплименти за играта на прилепчанецот. Тој истакна дека Нестор не добил премногу шанси, но и покрај тоа користи колку што може. 

„Несторовски добива малку шанси, но продолжува да тренира со огромен ентузијазам. Тој игра и тренира како млад играч, не играч во триесетите години. Го заслужи овој погодок, Илија е голем професионалец“, истакна Готи. 

Илија Несторовски го постигна својот втор гол во Серија А оваа сезона, но со тие два донесе вкупно шест бодови за Удинезе. Иако не е стандарден на листата на стрелци, македонскиот напаѓач врши доста работа на теренот.