Гостивар во трансфер-офанзива: Мевљан Мурати ново засилување за одбраната

Управата на македонскиот прволигаш, Гостивар, не запира со засилувањата и промовираше ново име во својот табор. Од следната сезона нивен член ќе биде Мевљан Мурати, кој пристигнува од екипата на Работнички

Минатата сезона Мурати одигра деветнаесет првенствени натпревари и постигна еден гол, а претходно во кариерата ги бранеше боите на Шкендија, Ренова, Шкупи и албанскиот Партизани

30-годишниот десен бек ќе претставува солидно засилување за дефанзивата, каде веќе се приклучи и доскорешниот член на Вардар, Дарко Глишиќ

Новата сезона во Првата фудбалска лига (ПМФЛ) ќе почне во првата недела од август.