Гостивар тргна во подготовки со осумте нови засилувања

Екипата на Гостивар тргна во подготовки, а мисијата е одбрана на првото место и пласман во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Најквалитетниот тим на хартија нема пораз во второлигашкото друштво и заслужено е на првото место. Тренерот Октај Дерелиоглу ја собра екипата, заедно со осумте нови играчи кои пристигнаа.

Новитет во ФК Гостивар се Симеон Христов како најголемо засилување и тоа од директниот конкурент Вардар, заедно со Андреј Кировски, Рушту Јонус, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Фисник Зука, Гордијан Христовски, Астрит Амази и Реџан Абази.

Главната фаза на подготовки Гостивар се очекува да ја одработи во Анталија.