Гостивар остана без „единицата“ пред заминувањето за Ровињ

Екипата на Гостивар ќе има уште една промена во продолжението од сезоната, затоа што од тимот си замина првиот голман Ертен Ерсу кој се враќа во Турција.

30-годишникот имаше одлична полусезона меѓу стативите на тимот кој со големи амбиции го напаѓа врвот на табелата во ПМФЛ. Одигра 14 натпревари, на осум од нив не прими гол, а во сите од нив прими само седум гола.

Сепак, Турчинот реши да се врати во татковината. Нов клуб на Ерсу ќе му биде Анкарагуџу кој е на осмото место во турската Втора лига и се бори за промоција во елитното друштво.

Ертен Ерсу си оди непосредно пред заминувањето на Гостивар на подготовки во Ровињ, Хрватска. Тимот таму ќе одигра пријателски натпревари, а не е исклучена можноста да се испроба и некој нов голман на местото на Ерсу.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.