ФК Гостивар: Нашите фанови не се хулигани, провокаторите од Воска треба да се засрамат!

Фудбалскиот клуб Гостивар викендов беше на удар на македонската фудбалска јавност, поради инцидентот кој се случи по натпреварот со Воска Спорт, а наводно го предизвикале токму фановите на Гостивар.

<<< ПОВРЗАНО - Воска со соопштение: Хулигани на Гостивар го нападнаа нашето раководство!

Но, не мислат така од редовите на амбициозниот второлигаш и го тврдат сосема спротивното. Според Гостивар, инцидентот бил предизвикан од провокаторите на гостинскиот клуб. 

  • Соопштението на Гостивар ви го пренесуваме во целост:

„1. Како фудбалска екипа, ние сме најчистиот и најтранспарентен тим кој се бори само на теренот. Самите ги пренесуваме сопствените натпревари и на стадионот во изградба со десетици камери ги контролираме нашите трибини.
 
2. НАШИТЕ ФАНОВИ НЕ СЕ ХУЛИГАНИ! Или продадени души! Додека ние треба да бидеме „ДОБАР ПРИМЕР“ за нашата убава фудбалска младина, провокаторите на нашите млади луѓе треба да се срамат самите од себе.

3. Како ФК Гостивар, со нашите менаџери, техничкиот тим, фудбалерите, навивачите и жителите на Гостивар ние сме семејстсво. Работите меѓу нас само нас нè засегаат. 

За време на натпреварот Гостивар - Воска на 17 септември се случија непожелни и немили настани на трибините, па дури и на теренот како последица на тоа. Жал ни е за непожелни настани. Само ПРОВОКАТОРИТЕ ги посакуваа овие немили настани кои не би ги посакал ниту еден вистински фудбалски фан. Како ФК Гостивар свесни сме за нашите обврски на натпреварите на кои сме домаќини. Наша должност е да бидеме домаќини на гостинскиот клуб на најдобар можен начин и да ја гарантираме нивната безбедност.

Провокаторите без да се претстават, без да имаат било какви барања од нас, а по нивна одлука седнаа среде стотици наши навивачи. До тука немаше никакви проблеми. Бидејќи смеклуб со добра фудбалска култура и немаме култура на провокација, не можевме да ја забележиме оваа провокациска замка.

Натпреварот започна на пријателски начин. Сè додека не започнаа провокациите. Настаните кои започнаа со првата провокација без да ескалираат беа спречени од разумното однесување на обезбедувањето и гостиварските навивачи. Меѓутоа, злонамерните провокатори не го послушаа обезбедувањето. Тие одбија да бидат преместени и да биде гарантирана нивната безбедност. Во текот на целиот натпревар како да се обидуваа да го тестираат трпението на сите наши навивачи, продолжија провокациите среде нашите навивачи со пцовки наоколу. Во фудбалот постојат и победа и пораз! На Воска Спорт во наредните натпревари им посакуваме само успех на нивните напори во фудбалскиот терен. Со исклучок на провокаторите, Воска Спорт ни е пријател.
Зголемувањето на конкуренцијата и квалитетот во лигата во која се наоѓаме нас нè задоволува.

Сакаме фер-плеј за сите“.

По првите пет кола Гостивар е уште непоразен и освои единаесет бода, два помалку од Вардар и Воска Спорт.