Гостивар има замена за Кехинде, донесе нова „деветка“ од Конго

Екипата на Гостивар промовира ново засилување за новата сезона и објави дека потпиша договор со напаѓачот Елвис Машике Сукиса.

30-годишниот центарфор од Конго треба да биде замена за Кехинде кој си замина од екипата, а беше еден од најдобрите стрелци во ПМФЛ. Машике доаѓа од Азербејџан каде во последната сезона играше за Араз и даде три гола на 19 меча.

Во кариерата Конгоанецот играше и за Хамрун од Малта, Жилина и Сеница од Словачка, Викторија Жижков, Слован Либерец, Чешке Будејовице од Чешка, потоа и Серед, Злате Моравце, Локомотива Цволен, Бањик Ружина...

Гостивар во новата сезона влегува со поголеми амбиции во мак-фудбалот, а тоа е да биде меѓу најдобрите екипи.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.