• Мартин Танасковски

Екипата на Гостивар се подготвува за продолжението од сезоната во ВМФЛ, а има нов член на стручниот штаб.
Куштрим Вока е назначен за нов тренер на голманите. Тој ќе има за задача да ги подобри играчите кои се меѓу стативите. Претходно тој беше дел и од екипата на Шкендија како тренер на голманите.
Гостивар има амбиции да влезе во прволигашкото друштво, а во моментов се наоѓа на лидерската позиција во ВМФЛ, пред Вардар и Воска Спорт.