• Иван Димовски

Фудбалскиот клуб Гостивар продолжија да го засилуваат ростерот. Ново име во таборот на лидерот во Втората македонска фудбалска лига е Рушту Јонус.
20-годишникот настапува на средината од теренот, ги покрива сите позиции и се сели во Гостивар од редовите на Охрид. Тој во својата кариера настапуваше за младинските екипи на Шкупи и Работнички, додека пред да игра за охриѓани, беше дел и од Пехчево.
Претходно, гостиварчани ги донесоа Фахрудин Ѓурѓевиќ, Симе Христов, Рејан Абази, Гордијан Христовски и Фисник Зука.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.