• Иван Димовски

Екипата на Гостивар продолжи да се засилува за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.
По вчерашната „бомба“ и потврдата на Симеон Христов кој го замени Вардар со Гостивар, сега овој тим одново го засили нападот. Нов член на гостиварчани е Рејан Абази кој доаѓа од редовите на Локомотива.
20-годишникот може да ги покрие сите позиции во нападот, претходно беше дел од екипата на Шкупи и Кораб, додека потекнува од младинската школа на Работнички.