• Мартин Танасковски

Екипата на Гостивар во рамки на новото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе игра дома со Работнички, но на мечот нема да има публика.
Клубот објави соопштение во кое истакна дека мечот ќе се игра пред празни трибини. Зошто е тоа така и зошто е донесена таква одлука од страна на раководството, причината не е позната.
Натпреварот меѓу Гостивар и Работнички ќе се игра на 27 април од 16:00 часот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.