Гостивар цели на тронот: Годинава сакаме да бидеме на врвот во мак-фудбалот!

Управата на македонскиот прволигаш Гостивар се обрати со соопштение до јавноста, во кое се осврнува на фактот дека тимот нема да може да настапува на својот стадион, но со голем оптимизам најави многу високи амбиции за остатокот од сезоната и за блиската иднина. 

Челните лица на гостиварчани упатија апел до публиката да продолжи да ги бодри своите миленици на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а исто така вети и бесплатна достава на билети пред секој натпревар. 

Гостиварчани имаат амбиции да ја освојат шампионската титула, нешто што управата ветила кога го преземала клубот во 2021 година, а крајната цел е настап и создавање свое реноме во евро-куповите на УЕФА. 

Најавени се и нови инвестиции за следната сезона, како изградба на нов терен со квалитетно наводнување и одржување, со цел создавање најдобри услови за работа на екипата.