ВИДЕО: Гостински победи за Ајакс и ПСВ, Стам и Феенорд запишаа трето реми по ред

Се предвидува нова мртва трка помеѓу Ајакс и ПСВ Ајндховен за титулата првак на Холандија. Двата поранешни европски прваци запишаа гостински победи во рамките на третото коло на Ередивизие и се во групата на шест екипи со седум бода по три одиграни натпревари.

„Филипсовците“ славеа во Хераклес со 0-2 со головите на Бергвијн и Ихатарен, а актуелниот шампион Ајакс во Венло запиша триумф од 1-4 со головите на Зијеч, Тадиќ, Хунтелар и Нерес.

Јап Стам и Феенорд не победија и во третото коло, откако бод од „Де Кујп“ однесе Утрехт (1-1). 

  • Хераклес - ПСВ Ајндховен 0-2: 

  • Венло - Ајакс 1-4: 

  • Феенорд - Утрехт 1-1: 

Во следното четврто коло дерби дуелот го играат Феенорд и АЗ Алкмар.