• Саше Љолес
Фиорентина продолжува со добрите игри во Серија А и успеа да ја надигра Џенова на гостувањето на „Луиџи Ферарис“ со конечни 0-1 (0-0) во натпреварот од десеттото коло.
Стрелец на единствениот погодок беше искусниот Робин Госенс, кој ја затресе мрежата во 72. минута и донесе големи и важни три бода за својот тим.
Џенова имаше многу помал посед на топката и на моменти делуваше инфериорно на теренот, па и покрај четирите обиди во рамките на голот, не успеа да стигне барем до бод пред своите гледачи.
- Извештај од натпреварот:
Со овој триумф, Фиорентина има 19 бода и се наоѓа на четвртата позиција, додека Џенова останува последна на табелата, со само еден триумф во досегашниот дел од сезоната.