• Саше Љолес
Екипата на Фиорентина се избори за многу важен триумф и славеше со 1-0 (1-0) над Лацио во натпреварот од 32. коло на италијанската Серија А.
- Извештај од натпреварот:
За „виолетовите“ ова се големи три бода, со кои „побегнаа“ осум бода погоре од Лече, првиот тим што се наоѓа во опасната зона. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Германецот Робин Госенс во 28. минута.
Имаа лацијалите повеќе од играта во второто полувреме, петпати шутираа во рамките на голот, но не успеаја да дојдат до израмнување и барем еден освоен бод на „Артемио Франки“.
Фиорентина се искачи до петнаесеттата позиција на табелата, додека Лацио го впиша десеттиот сезонски пораз, но останува деветтопласиран со 44 бода на своето салдо.












