Госенс: Аталанта е во предност пред ПСЖ, за разлика од нив - ние сме тим

Екипата на Аталанта го живее сонот со самото појавување во Лисабон и фазата на осум најдобри екипи во Европа. Избраниците на Гасперини во четвртфиналето за противник го имаат „десеткуваниот“ ПСЖ. 

Бекот на италијанскиот тим, Робин Госенс е убеден дека Аталанта може да го мине противникот и во квалитетите, но и предностите кои се на страната на клубот. 

„Ние имаме двојна предност. Првиот натпревар е секогаш на фитнес, а ние игравме во Италија. ПСЖ освен двете Куп-финалиња, имаше долга пауза. Втората предност за нас е тоа што, иако ПСЖ има многу топ-играчи кои можат да го решат натпреварот со индивидуаен потег, тимската хемија е на ниско ниво, за разлика од нас“, изјави Госенс. 

Томас Тухел има бројни главоболки пред натпреварот, бидејќи неизвесно е дали ќе може да смета на Мбапе, Верати, Курзава, Ди Марија, а клубот го напушти и Кавани.