• Зоран Мишевски

Среќата дефинитивно му го сврте грбот на македонскиот тренер Игор Ангеловски во дерби натпреварите на неговата Горица во хрватскиот фудбалски шампионат. На сличен начин како против Динамо Загреб, која примија гол од Адеми во 90. минута, неговите фудбалери потклекнаа и во дуелот со вториот хрватски гигант Хајдук од Сплит.
Вечерва Горица беше брутално казнета со гол во 98. минута. Откако ВАР-системот во 59. минута покажа пенал за Хајдук и исклучување за еден домашен дефанзивец, се чинеше дека бодовите лесно ќе заминат за Далмација. Но, Ливаја не успеа да го реализира ударот од белата точка и дуелот беше неизвесен во последните секунди.
- Извештај од натпреварот:
Ливаја во последната секунда од натпреварот донесе триумф на Хајдук и уште еден пораз за тимот на Ангеловски.
„Се срамам од некои одлуки на судиите. Ако беше пенал со минимален контакт, тогаш не требаше да биде црвен картон и исклучување. Но верувајте дека ова нема да ја скрши мојата екипа и ќе играме Прва лига и следната сезона“, рече по натпреварот Ангеловски.
Јани Атанасов одигра половина час, влегувајќи во игра во 63. минута.