• Зоран Мишевски
Поранешниот селектор на македонската репрезентација, Игор Ангеловски пропушти шанса да го изненади шампионот на Хрватска, Динамо Загреб, и во судиското надополнување беше казнет од најдобрите поединци во гостинскиот табор, Аријан Адеми и Мислав Оршиќ.
Динамо Загреб ја оствари осмата победа во деветтиот натпревар во ХНЛ-лига. Цел еден час Динамо немаше удар кон голот на Горица, беше и доминиран и видно соочен со проблеми по тешкиот терен. Сепак, кога ритамот опадна „модрите“ се наметнаа и Милсав Оршиќ со гол во 92. минута, по додавањето на Адеми, донесе победа и три бода за загрепскиот клуб (0-1).
Оршиќ, Адеми и Петковиќ влегоа во игра во продолжението и го раздвижија тимот, па и со голема доза на среќа фаворитот стигна до бодовите. Вториот македонски интернационалец, Стефан Ристовски не настапи и одмораше пред натпреварот против Милан в среда на „Сан Сиро“.
- Извештај од натпреварот:
Динамо е лидер во шампионатот на Хрватска со 25 бода, пред Славен Белупо со 15 и натпревар помалку и Хајдук со 14 бода и два натпревари помалку.