Гори под Везув: Роналдо може да му биде соиграч на Елмас!?

Португалскиот ас Кристијано Роналдо побарал заминување од Манчестер Јунајтед. Клубовите се редат за неговиот потпис, а доаѓа интересна најава, која вели дека еден од најдобрите играчи во светот може да му биде соиграч на Ељиф Елмас во Наполи.

Роналдо барал од раководството гаранција за успех и сигурни трансфери. Сепак, Манчестер Јунајтед засега не го прави тоа, па тоа е капката која ја прелила чашата кај португалскиот голгетер.

Новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн, пишува дека Наполи е сериозно заинтересиран за Кристијано Роналдо. Конкуренција за потписот на Португалецот ќе бидат и Челзи и Баерн Минхен, но Роналдо не би заминал во Лондон поради врската со Манчестер Јунајтед, додека за трансфер во Бундеслигата, Хасан Салихамиџиќ, директорот на Баерн, кажа дека оваа опција е малку веројатна.

Наполи му носи Лига на шампиони на Роналдо, тоа е нешто што тој го сака. Единствен проблем може да бидат финансиите затоа што клубот сигурно е дека не може да му даде плата како што ја има во Манчестер Јунајтед. Сепак, ако Роналдо се откаже од дел од примањата, ќе биде и тоа каква трансфер-бомба под Везув.