ВИДЕО: Горецка ја спаси Германија, Србија остана непоразена во Волфсбург

Репрезентациите на Германија и Србија одиграа нерешено (1-1) во пријателскиот натпревар одигран во „Волксваген Арена“ во Волфсбург.

  • Извештај од натпреварот: 

Гостите, предводени од Младен Крстајиќ, поведоа уште во 12. минута. Стрелец на голот беше Лука Јовиќ кој среќно стигна до топката по еден корнер и со глава го совлада Мануел Ноер.

Подмладениот состав на Јоаким Лев имаше проблеми во нападот се до 69. минута кога израмни преку Леон Горецка. Фудбалерот на Баерн Минхен со еден потег се ослободи од својот чувар и потоа шутираше прецизно и го постави конечниот резултат. Мечот не го заврши Милан Павков кој поради невнимателен старт врз Сане заработи црвен картон.

  • Црвениот картон на Павков: 

Во вториот натпревар од овој термин, Велс минимално славеше против Тринидад и Тобаго (1-0). Домаќинот го слави Бенџамин Вудборн кој погоди во надополнувањето од натпреварот.

  • Извештај од натпреварот: