• Саше Љолес
Германскиот репрезентативец и фудбалер на Баерн Минхен, Леон Горецка, јасно ставил до знаење дека приоритет за него е премин во англиската Премиер лига, оставајќи ги клубовите од Италија надвор од конкуренција.
Откако ќе заврши сезоната, Горецка ќе биде слободен агент и лесно достапен фудбалер за трансфер, а вниманието на големите англиски клубови е веќе насочено кон него. Иако тимови од Серија А како Интер, Јувентус и Милан покажаа интерес, самиот фудбалер сака да ја искористи шансата да игра на „Островот“ и да одигра неколку сезони во најсилната светска лига.
Овие информации ги пренесоа неколку германски медиуми, иако не е исклучена и можноста Горецка сепак да се пресели во Италија, каде би бил меѓу најзвучните засилувања во летниот преоден рок.
Како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат Арсенал и Тотенхем, кои можат да му понудат важна улога и голема плата, а деновиве во трка за неговиот потпис се вклучил и Манчестер Јунајтед. Се работи за играч со огромно искуство и многу трофеи зад себе, кој сигурно би претставувал солидно пополнување за било кој тим.










