Тричковски: Горд сум на сите, овие момци се иднината на Македонија!

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз се одјави од Европското првенство. По неуспесите во Букурешт, против Австрија и Украина, денес немавме сили ниту против фаворитот во групата Холандија и загубивме со 3-0 (1-0).

По натпреварот искусниот Иван Тричковски им се заблагодари на сите што му овозможија на таа возраст да заигра на едно Европско првенство.

„Ова искуство беше посебно за сите. Секој од нас треба да биде горд и задоволен за сè што направија на овој шампионат. Овие момци заслужуваат да бидат тука, оваа младина е иднината на Македонија. Горд сум на сите нив што ми овозможија на оваа возраст да заиграм на едно Европско првенство.

Никој не сакаше да биде вака, но тоа е фудбалот. Може ако првиот гол ни беше признат, натпреварот ќе беше подруг. Сепак, сè на се, горди сме и одиме напред“, рече Тричковски.

Со денешниот пораз во Амстердам, групата ја завршуваме без освоен бод и со два постигнати гола, по еден против Австрија и Украина.

Состави

Благоја Милевски

4-2-3-1

    Луј ван Гал

    5-3-2