Горазд Михајлов е нов тренер на амбициозниот второлигаш Борец

Горазд Михајлов од денес е нов тренер на второлигашот Борец од Велес, откако се договори со клупската управа на договор на една сезона. 43-годишниот Михајлов ќе има мисија да го врати велешкиот клуб во елитата.

Борец, воден од Пане Блажевски, стигна до баражот за промоција во елитата, но загуби во Струмица од Победа со 2-1. Михајлов е еден од нашите најдобри млади тренери, а во својата кариера ги водеше Охрид, Пелистер, Тетекс, Напредок и Рудар Приједор.

Во последните неколку години работеше во стручниот штаб на Ѓоко Хаџиевски во Обединетите Арапски Емирати. Најголем успех му е освојувањето на Купот на Македонија со Тетекс во сезоната 2012/13.