• Мартин Танасковски
Екипата на ГФК Осогово доби нов тренер за периодот кој следи и за предводник е назначен Горанчо Георгиев.
50-годишниот стратег доаѓа на клупата со желба да се спасат „жетварите“ во Втората лига. Осогово имаше лош старт на шампионатот и се наоѓа во долниот дел на табелата во ВМФЛ.
На клупата на Осогово, Георгиев доаѓа на местото на Добринко Илиевски. Квалитетот на тимот тој ќе може да го види на пријателскиот дуел со Брера Струмица.
Осогово на табелата во ВМФЛ се наоѓа на претпоследното место и во првите три кола освои само еден бод.