• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Горан Силјановски по завршувањето на актуелната сезона не ја продолжи соработката со албанска Динамо Тирана.
31-годишниот Силјановски дојде во албанскиот суперлигаш во 2021 година, како најстандарден играч во Првата македонска фудбалска лига каде играше за Работнички.
Беше дел од скоро сите натпревари за Динамо, одигра 33 од 36 меча во лигата, а само еден пропушти откако не беше во составот (другите два беа приморана пауза поради жолти картони).
Поранешниот македонски репрезентативец разгледува понуди, не е исклучена можноста да се врати во ПМФЛ. Силјановски покрај за Динамо Тирана во Албанија играше и за Фљамуртари, додека дома беше дел од Работнички, Ренова, Тетекс, Вардар и Македонија ЃП.
Претходно, од Динамо Тирана си замина и Агим Ибраими.