Горан Силјановски нов член на албански Динамо Тирана

Македонскиот фудбалер Горан Силјановски се врати во Албанија и во следната сезона ќе го носи дресот на Динамо Тирана.

Силјановски, кој има 30 години и знае да игра на десната страна и во одбраната и во средниот ред, беше еден од најстандардните играчи на Работнички за изминатата сезона во ПМФЛ. Одигра преку 2.500 минути на 28 натпревари, на кои даде еден гол и додаде уште четири асистенции, но и покрај тоа се раздели со прволигашот.

Следна дестинација ќе му биде позната средина, албанската Суперлига, каде една сезона ќе игра во дресот на Динамо Тирана. Двете страни се договорија, парафиран е договорот, а фудбалерот е претставен како нов член на тимот.

Силјановски добро го познава албанскиот шампионат со оглед на тоа што претходно го носеше дресот на Фљамуртари. Во ПМФЛ покрај за Работнички играше и за Ренова, Вардар и Македонија ЃП. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.