• Мартин Танасковски
Горан Попов, поранешниот македонски репрезентативец со богата фудбалска кариера, моментално работи како агент, а е во контакт со украинскиот гигант и негов поранешен клуб Динамо Киев околу двајца македонски репрезентативци.
Вардар и Динамо Киев одиграа пријателски натпревар во Анталија, а Попов го следеше дуелот во живо. По натпреварот тој порача дека ќе зборува со тренерот Алексеј Михајличенко, околу двајца таленти во „црвено-црниот“ дрес.
„Планирам да зборувам со Михајличенко. Како фудбалски агент, би ми било чест да донесам двајца квалитетни играчи во Динамо Киев. Во Вардар има многу млади и талентирани играчи, на пример, Леонид Игњатов (18) и Марио Младеновски (19). Тие се играчи со кои соработувам, а се млади. Поседуваат добар квалитет. Ако направиме соработка со Динамо Киев ќе бидам многу среќен да помогнам“, изјави Попов.
Леонид Игњатов е младински репрезентативец на Македонија и настапува во средниот ред, додека Марио Младеновски е квалитетен стопер, тоа го потвтрди со повикот кој го доби од Игор Ангеловски да биде дел од А-тимот на Македонија во квалификациите за ЕП 2020.